Децата со попреченост во Куманово добија инкулзивно игралиште

На Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 декември,  ООУ “Браќа Миладиновци”-Куманово доби инклузивно игралиште за ученици со попреченост,
вклучени во редовна настава.

Игралиштето содржи специфични реквизити и други елементи, наменети за децата со попреченост, кои секој ден минуваат со часови во училиштето. На свеченото отворање, градоначалникот Максим Димитриевски рече дека игралиштето е мал дел од она што може општината и заедницата да направи за овие деца.

„Интензивно работиме на подобрување на условите на лицата со попреченост. Денеска, на Меѓународниот ден на лицата со попреченост го отворивме инклузивното игралиште за ученици со попреченост, вклучени во редовна настава во ООУ „Браќа Миладиновци“ – Куманово. Работиме на подобрување на образовните можности за децата со попреченост, придонесува за развој на инклузивен несегрегиран потсистем на основното образование, кој е отворен за сите и обезбедува висококвалитетна настава и значајни можности за учење за сите ученици со попреченост, а со тоа и ја зајакнува нивната социјална и образовна вклученост, рече Димитриевски.

Овој проект е финансиран од Европската Унија, го реализира Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, во рамките на проектот „Редовно на часови“, со партнерите Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружение за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“, a со поддршка од Општина Куманово.