Денешната седница на Советот на Град Скопје, втора по ред, а прва што се пренесува во живо за јавноста. Преносот во живо по долги напори и технички подготовки беше овозможен за првпат на денешната седница, информираат од Град Скопје.

Преносот во живо на седницата на Советот на Град Скопје, граѓаните може да ги проследат на фејсбук страните на Град Скопје, и тоа:

На македонски јазик – https://www.facebook.com/CityofSkopje/

На албански јазик – https://www.facebook.com/Qyteti-i-Shkupit-1823774994586676/

Овој новитет во иднината ќе стане редовна практика и седниците на Советот на Град Скопје, граѓаните ќе може да ги следат со пренос во живо преку официјалните социјални медиуми на Градот, со цел поголема транспарентност во работењето на Град Скопје и Советот на Град Скопје, што е уште еден чекор кон целосна дигитализација на Градот.

На денешната седница на Советот, на барање на градоначалничката Арсовска, на денешната втора седница на Советот на Град Скопје, сумата во предлог-одлуката за доделување на паричната помош за семејствата на загинатите во автобуската несреќа што се случи во соседна Бугарија се зголемува на 3,5 милиони денари, со цел да се излезе во пресрет на семејствата.

– На оваа седница предлагам оваа ставка да се зголеми на 3,5 милиони денари, со цел да се излезе во пресрет на семејствата на загинатите и повредените од сообраќајната несреќа – кажа градоначалничката Арсовска во нејзиното обраќање на денешната седница на Советот.

Градот Скопје уште еднаш изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите, а на повредените им пожелува побрзо закрепнување.

Седницата на Советот може да се проследи на следниов линк:
https://www.facebook.com/CityofSkopje/videos/612954250014027