Во ЈП Лајка на листата за вдомување со нетрпение чекаат да бидат вдомени неколку кутриња.
Клео веќе си го најде својот дом. Првично бил вратен на локација согласно закон, но добри луѓе одлучиле да го вдомат и се обратиле до прифатилиштето со цел да ја спроведе целата постапка за вдомување, информираат од ЈП Лајка.
Додека Клео ужива во друштво на новиот сопственик, дом се бата за Чичи, минијатурна убавица која има околу 8 месеци.
Од ЈП Лајка информираат дека таа има весел темперамент и е многу дружељубива.„Сака да си игра со други кучиња и ужива да се гали. Идеален миленик за во стан.
Добро би било да се вдоми заедно со нејзината сестричка бидејќи се неразделни.
Има уредна крвна слика, негативен 4D тест, негативен тест на лишманија по акредитирана метода. Ја добивате со пасош, стерилизирана, прочистена од внатрешни и надворешни паразити, чипирана, вакцинирана против беснило и заразни болести, избањата и со стекнати хигиенски навики. Вдомувањето е бесплатно“, информираат од Лајка.
На социјалната мрежа Фејсбук, ЈП Лајка постојано објавуваат фотографии од милениците кои се подготвени да го пронајдат својот грижлив сопственик, а во меѓувреме погледете како „потстанарите“ уживаат во дворот на Лајка.