Најновата актракција во скопската Зоолошка градина џуџестиот мармозет кој ја збогати бејби зоолошката градина веќе се навикува на неговото живеалиште и ужива во друштво на неговите родители.

„Освен што се најмалите мајмунчуња на светот, џуџестите мармозети се и најплашливи. Но, малото бебе веќе се опушти и јаде самостојно без да биде качено на грб кај мама и тато“, информираа од скопската Зоолошка градина и споделија видео од семејството мармозети.

 

 

Видео: Фејсбук Зоолошка Градина Скопје