Во претстојната седмица, во вторник на 23 ноември, ќе се одржи конститутивната седница на Советот на Општина Куманово. Според дневниот ред, ќе бидат верифицирани мандатите на советниците, кои ќе дадат свечена изјава.
На дневен ред е избор на претседател на Советот, за што градоначалникот Максим Димитриевски, јавно повика са биде тоа Ивана Ѓорѓиевска, носител на независната листа „За наше Куманово“. Сепак оваа листа го нема мнозинството, туку распоредот на силите е таков што најголем број на советнички места освои листата на СДСМ, предводена од досегашната претседателка на кумановскиот Совет, Атина Мургашанска, вкупно 10, 8 независни листи „За нашето Куманово“, ВМРО-ДПМНЕ – 7, ДУИ – 4, АА/А –2 и Левица и Беса по 1 советник.