Поставена е заштитна ограда на булеварот Христијан Тодоровски Карпош од страна на екипите на ЈП „Улици и патишта“ Скопје.

„Извршена е реконструкција на пешачкиот премин и монтирана е метална заштитна ограда со цел зголемување на безбедноста на пешаците. Во текот на наредниот период според планот за работа предвидено е да биде поставена и дополнителна сообраќајна сигнализација, односно светлосни сообраќајни знаци за обележување на пешачкиот премин на овој булевар“, соопштија од ЈП Улици и патишта Скопје.