Од денеска, стартува Зимската служба на Град Скопје, а со тоа и координираните активности за зимско оддржување на улиците во надлежност на Град Скопје, врз основа на Програмата усвоена од Советот и средствата предвидени во Буџетот, информираат од Град Скопје.

„Носител на активностите за зимското одржување на улиците ќе биде ЈП „Улици и патишта“ со целокупната механизација и расположивиот кадровски потенцијал.
Со Програмата се предвидени обемот, динамиката и нивото на одржување на улиците со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на градските сообраќајници во зимски услови“, информираа од Град Скопје.