Со поставување на асфалт завршуваат градежните активности на двете улиците кои ги поврзуваат булеварите Партизанска и ЈНА. Се работи за површина од 550 метри за кои општината потроши околу 1,5 милиони денари.

Градоначалникот Јорданов најави дека останатиот дел од населбата дополнително ќе се уредува.

-Правиме напори во наредните денови да биде преуреден просторот каде беа поставени лимените гаражи, со асфалтирање и хортикултурно уредување. Се работи за околу 2.600 м2 површина и ќе чини 2,8 милиони денари, пари од буџетот на општината, рече Јорданов.

Со поставување на решетка и канализирање на атмосверските води, Јорданов најави дека ќе биде решен и проблемот со атмосверскиот канал кој поминува меѓу тамошните згради.