Данела Арсовска од денеска oфицијално ќе го раководи главниот град, откако во петокот Изборната комисијата на Град Скопје и го врачи Уверението за 4 годишен мандат.

На локалните избори таа во вториот круг имаше предност од над 28.000 гласови пред противкандидатот Петре Шилегов од кого денеска ја презема функцијата.

Арсовска се кандидираше како независна кандидатка, а поддршката ја доби од политичката партија ВМРО ДПМНЕ.

Данела Арсовска е родена во Скопје во 1979 година, таа е мајка на еден син и сопруга. По дипломирањето на Правниот факултет, се дообразувала на универзитетите во Оксфорд и Шефилд. Пред да стане градоначалничка, Арсовска менаџираше со Сојузот на стопански комори од 2014 година до сега и е една од четирите жени носители на таа функција во светот.

Денеска во кабинетот на Град Скопје, Арсовска беше пречекана со букет цвеќе од страна на градионачалникот во заминување Петре Шилегов.

 

Фотографија: https://novatv.mk/