Екипите на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје, изминатата недела завршија со изградбата на скалилата кои го олеснуваат пристапот до Инфективната клиника на улица Белградска.

„Скалилата се опремени со заштитни огради и сега целосно го олеснуваат пристапот до новиот влез на Инфективната Болница кон улицата, а воедно и пристапот до Заводот за рехабилитација на говор, им се олеснува движењето и на граѓаните кои живеат во близината на Инфективната Болница и на студентите и пациентите кон Заводот“, информираат од ЈП „Улици и патишта“ – Скопје.

Како што најавуваат во текот на наредните денови ќе биде уредено и зеленилото околу скалилата каде што моментално се поставени бетонските жардињери.