Белка е четвртото кученце од леглото кое го одгледа сурогат мајка. Сега остана уште Оги да го најде својот топол дом – соопштија денеска од Јавното претпријатие Лајка, од каде упатија благодарност до Асоцијацијата на активисти за права на животните.

Во потрага сме по сериозен вдомувач и љубител на кучиња кој би го добил последното малецко куче Оги – истакнаа денеска од Лајка, додавајќи дека сите заинтересирани може да испратат меил на vdomi@lajka.com.mk