Инспекторот за животна средина во општина Струмица во изминатиот период вршеше континуирани контроли кај правните субјекти за да се утврди дали и колку го загадуваат воздухот во градот. Посебна контрола се вршеше и се уште се врши на инсталацијата која што служи за затоплување на работните простории, односно, дали се користи отпад што е забранет согласно важечките законски прописи. Досега се извршени вкупно 19 контроли.
Десет правни субјекти ( најголем дел од текстилната и прехранбената индустрија) се задолжени во одреден рок да извршат мерења во соодветни и лиценцирани лабаратории за емисијата на штетни гасови во воздухот, по што повторно ќе бидат исконтролирани од страна на инспекторот за животна средина, а кај 9 правни субјекти не се констатирани неправилности, рече Александар Оџаков секретар на општина Струмица.
Согласно овластувањата и надлежностите, општина Струмица продолжува со контролите кај сите потенцијални загадувачи во градот.