Долгогодишното барања на жителите од с.Пресил, станува реалност. Продолжува изградбата на резервоар за вода. Овој проект ќе ги реши проблемите со водоснабдување во ова населено место.

Договорот за овој проект се потпиша на 29-ти јули и беше извршен вовед во работа со што официјално започна реализацијата на проектот. Истиот се имплементира во рамки на „Развој на урбани подрачја и одржлив урбан развој“ на Бирото за регионален развој, а договорот со изведувачот чини 2 122 272 денари.

По потпишувањето на договорот градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски потенцира дека локалната самоуправа своите активности ќе ги насочува на решавање на основните проблеми на граѓаните.

„Започнуваме со реализација на уште едно ветување и решавање на еден горлив проблем. Многу често сограѓаните од Пресил се жалат на недостаток на вода и токму со изградба на резервоар ќе обезбедиме редовно водоснабдување.“, рече Христоски.