Томе Христовски, кандидатот за градоначалник на СДСМ повторно ја доби довербата на крушевчани. На Локалните избори што се одржаа во неделата, тој ја победи својата противкандидатка Билјана Проеска од ВМРО-ДПМНЕ.
Христовски освои 52,70 % од гласовите на крушевчани или за него гласале 2937 граѓани.
Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Проеска освои 41,52% од гласовите или вкупно 2314 гласа. Тие беа единствените кандидати.
Во Крушево, право на глас според официјалниот Избирачки список имаат 7955 граѓани, гласале 5573 на 23 избирачки места.
Мнозинството во Советот ќе го има СДСМ со освоени 43,59%. ВМРО-ДПМНЕ освои 32,91% од гласовите, АА/А-6,59, ДУИ-5,33%, ЛДП/ДОМ-3,21%, ПОДЕМ-1,65%, ЕМ-0,75%.