Општина Пробиштип работи на повеќе инфрастурктурни проекти низ градот. Завршена е рехабилитацијата на дел од улицата Илинденска, а се работи на нејзиното асфалтирање, по што ќе следува поставување на нови енергетско-ефикасни светилки.

Освен Илинденска, во завршна фаза е и реконструкцијата на дел од улицата Планинска, со изградба на потпорен ѕид.

-За овој дел од улицата, кој беше во многу лоша состојба општината распиша набавка и потпиша договор со економскиот оператор Коле-транс Инженеринг во висина од 1.647.858 денари. Проектот предвидува нов асфалтен слој и изградба на потпорен ѕид, велат од општината.

Претходно кон крајот на минатиот месец беше завршено поплочувањето на седум улици во Маричанска населба, со вкупна должина над 600 метри.