Зелените покриви и скверови во главниот град се места каде што граѓаните може да го уживаат секој момент во кругот на своите најблиски.
Граѓаните на општина Аеродром може да го посетат Зелениот сквер „Острово“, тука е и Зелениот сквер ГТЦ, „Дом на градежници“, „Млин Балкан“, „Аеродорм (Рамстор)“, „Тесла“, Парк Мичурин.
Некогаш запуштените и руинирани урбани скопски површини добија нов изглед и блеснаа во полн сјај и се одлична дестинација за забава за најмладите и место за дружба и релаксација за повозрасните генерации.