Вложени 15 милиони денари во градинките во Гевгелија

Изминатиот период во градинките во Гевгелија и населените места се извршија доста активности и реализираа зафати за подобрување на условите за престој и згрижување на децата од предучилишна возраст . Во сите зафати за подобрување на условите за престој на најмладите, вкупно се вложени 15 милиони денари, од кои дел за подобрување на инфраструктурата, а дел за набавка на мебел и опрема.

Така, во: ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија набавени се нови кујнски апарати и опрема, реконструирани ѕидовите, изведени молеро-фарбарски работи на сите простории, подобрена електро-инсталационата мрежа, уреден магацинскиот простор, проширен просторниот капацитет на кујната, набавени се нови гардаробери, целосно е заменета столаријата, реновирани се тоалетите, климатизирани сите простории, заменет е стариот под со нов, набавени се нови теписи, поставени нови реквизити за деца во дворот на Градинката и ново лед-осветлување. Во ЈОУДГ „Сончогледи“- Гевгелија се реновирани тоалетите, изведени молеро-фарбарски работи на сите простории, климатизирани сите простории, заменет е дотраениот под со нов, набавени се нови теписи, поставени нови реквизити за деца во дворот на Градинката, уредена со павер-елементи e патеката до влезот на установата и поставено ново лед-осветлување во дворот. Додека во ЈОУДГ „Цветови“- Гевгелија се изведени молерофарбарски работи на сите простории, набавен е нов мебел во сите занимални, набавени се нови гардаробери, реновирани се тоалетите, заменета е столаријата, климатизирани се сите простории, заменет е дотраениот под со нов, набавени се нови теписи и поставено е ново лед-осветлување во дворот. Во Детската градинка во Негорци: заменета е столаријата, набавен нов мебел во сите занимални, набавени се нови плакари, монтиран е нов систем за греење, се отвори јаслена група и набавен е нов инвентар за најмалата возрасна група, заменет е дотраениот под со нов, набавени се нови теписи, климатизирани сите простории и поставено ново лед-осветлување во дворот. А, во Детска градинка во Миравци oтворена е јаслена група и набавен нов инвентар за најмалата возрасна група, заменет е дотраениот под со нов, набавени се нови теписи, климатизирани сите простории, ограден е дворот на Детската градинка и поставено е ново лед-осветлување. Изградена е нова Детска градинка „Развигорче“ во Прдејци, во вредност од 5.900.000 денари, со средства од Буџетот на Општина Гевгелија.