Со свечено отворање во сабота 02.10.2021 година, ќе започне тринаесеттиот Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“. Годинава на фестивалот ќе бидат изведени четири претстави со театри од Србија и Северна Македонија.
Претставите ќе се играат во деновите меѓу 2 и 7 октомври, се со почеток во 19.30 часот во НУ Центар за култура.
Фестивалот е дел од одбележувањето на Денот на ослободувањето на Крива Паланка, 8 октомври. Според програмата, на 7 октомври е закажаана свечена седница на Советот на општината, а за следниот ден се предвидени изложба и свеченост на доделување на осмооктомвриските награди, што ќе се одржи во Стар конак во манастирот Св Јоаким Осоговски.