Од ЈП Лајка информриаат дека во изминатите денови имале континуиран проблем со базата на податоци односно модулот за бездомни кучиња, по кој се задолжени да работат од страна на Агенцијата за храна и ветеринаство.
„Од понеделникот па се до сега не можеме никако да внесеме нов запис ниту веќе постоечки да го ажурираме. Реагиравме телефонски и со допис до надлежната АХВ но повторно базата е блокирана, со тоа што имаме повеќе од 20 записи кои не се внесени, и 20 внесени без ажурирани податоци. Се надеваме дека согласно погоре изнесените факти нема повторно да бидеме изложени на дополнителни инспекции и обвинувања дека не си ја вршиме нашата работа ажурно и согласно закон“, информираат од ЈП Лајка.

Од таму додадваат дека ова претставува секојдневна пречка во нивното работење бидејќи базата им е фундаментален дел од нивното работење.

„Сакаме да потсетиме дека со овој проблем се соочуваме од почетокот на нашето отварање – 14.10.2020 година, а првиот пристап во базата го добивме почетокот на март 2021 каде што ретроактивно деноноќно внесувавме се што сме сработиле од самиот почеток. Во очекување на решавање на проблемот со системот им се извинуваме на сите вдомувачи кои нетрпеливо очекуваат да ги вдомат своите крзнени пријателчиња и веруваме во добра понатамошна соработка со АХВ“, информираат од ЈП Лајка.

Се надеваме дека со овој проблем нема да ги обесхрабриме идните вдомувачи и дека и овој предизвик ќе биде само дополнителен мотив да ја продолжиме нашата мисија, велат од Лајка.

Како мало потсетување за ЈП Лајка споделуваме видео да погледнете како таму се грижат за привремените „гости“ кои задоволни си заминуваат од таму.