ЈП Исар интензивно работи на паркот под црквата Свети Спас во штипско Ново Село. Еден дел од паркот е веќе поставен, а моментално се работи на завршната форма – поставување на бекатон плочки.
Директорот на ЈП Исар, Здравко Коцев, вели се работи за специјални калапи на плочки, па затоа работата оди малку поскоро.
-Плочките се и интересни бидејќи ќе бидат разнобојни и со тоа се разбива стереотипот на она што досега беше, сивило. Овде ќе има поставено уште дрва, а на долниот дел ќе има справи. Покрај ова ќе има и паркинг места, вели директорот и потенцира оти новоселци сега конечно ќе имаат убаво уредено катче за одмор.
Паркот се очекува да биде целосно поставен за околу две недели. Трева како што рече директорот веќе има посадено, а има поставено и систем за наводнување.