Ученици, рекреативци, мали и големи, на различни модели на велосипеди се собраа на новиот плоштад во Крива Паланка од каде преку центарот на градот продефилираа, со цел да ја одбележат „Европската недела на мобилност’. Собирот беше точно напладне, каде најмладите учесници ги покажаа вештините и научени егзибиции.


Настанот го организираше Европската куќа на младите, која веќе неколку месеци работи во Крива Паланка.
„Европска недела на мобилност” e активност, односно кампања која на иницијатива на Европската комисија, се спроведува секоја година, во периодот од 16 до 22 септември.

Кампањата има за цел промоција на алтернативни форми на мобилност како што е пешачењето и велосипедизмот.