Жителите на улицата ,,Питу Гули“ наскоро ќе добијат реконструирана улица, тротоари и она што навстина е битно, паркинг.
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски изврши увид во работите.
„Проблемите и пречките ги надминавме, продолжуваме со изградба на ,,ул.Питу Гули”. Дополнително, на овој простор, веднаш до хотелската зона ќе биде изграден и паркинг“, изјави градоначалникот Христоски по увидот.
Овој проект се имплементира во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта финансиран од Светска Банка и имплементиран од Министерство за транспорт и врски со општина Крушево.