Овој викенд„ Крушево низ корија“ по седми пат.

Браќа земјаци и мили комшии!….. Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познаници од убавото Крушево и од неговите китни села, ве каниме на седмиот по ред фестивал на отворено Крушево низ корија, без разлика на вера, народност, пол и убедувања..! – се вели во поканата од организаторите.
Активностите и стартот на турите традиционално ќе бидат во кампот на Мечкин камен.
Фестивалот е во организација на Форумот за Авангардна Креативност (ФАК) од Прилеп во соработка со Општина Крушево.

Велосипедската тура ќе се вози утре на три патеки.

Мала МТБ тура „Крушево низ корија„  е со должина од 15 км и елевација од околу 300 метри…. категоризирана е како лесна тура за лица со нормална физичка подготвеност препорачлива за секој рекреативец.

Средна МТБ тура „Крушево низ корија“ е со должина од 30 км и елевација од 700 метри… категоризирана како средно тешка тура 7/10 за лица со просечна физичка подготвеност.

Голема МТБ тура „Крушево низ корија“ е со должина од 40 км и елевација 1000 метри категоризирана како тешка тура.

Тандем летови со параглајдер ќе има во недела  од 10.00 до 19.30ч .

Планинарската тура ќе се одвива на релацијата Мечкин Камен – Крушево, во должина од 14 км. Истата би ја класифицирале како средно тешка тура која може да ја изоди секој од 7 до 77 години. Во 80%од патеката се движиме низ крушевската корија која изобилува со сенка, што е мошне пријатно за топлите августовски денови. Во текот на турата ќе се посетат двата манастири Св. Василиј и Св. Спас .

Турата завршува во Крушево каде учесниците ќе можат да ги посетат културните знаменитости.

За крај секој учесник ќе добие и спомен ТАПИЈА за учество на фестивалот.