Blues & Soul Festival е долгодишна успешна приказна и дел од богатата музичка програма во Скопје. Благодарение на организаторот – Дирекцијата за култура и уметност, овој фестивал стана културна традиција на Скопје, а љубителите на блузот секоја година имаат можност во живо да уживаат на виртуозите на овој музички жанр.

Овогодинешното издание на фестивалот чии учесници ќе бидат познатите македонски блуз бендови „Natasha Miha in Blues” и “Crossroad Blues Band” ќе се одржи утре во Куршумли ан со почеток во 20:30 часот.
Град Скопје континуирано ја поддржува Дирекцијата за култура и уметност, која со културните манифестации како што се Скопското лето, Блуз и соул фестивалот, Есенските музички свечености и други, секоја година го збогатува културно забавниот живот во Скопје.