Светиниколското училиште ООУ ,,Кирил и Методиј“ стана Центар за поддршка на децата со попречености

Новата учебна година донесе убава новост за децата со попречености и за нивните родители, кои добија нов, уреден центар во ООУ ,,Кирил и Методиј“ Свети Николе. Од 1 септември во училиштето започна да работи Центар за поддршка на учењето на учениците со посебни потреби од сите општински училишта.
Идејата е од поодамна да се адаптира и опреми простор во училиштето. Во тоа помогнаа Шведската организација за развој We effect, Radiohjalpen и Агенцијата на фармери. Со донацијата е опремена сензорната соба за стимулација на овие ученици.
-Со сите ученици со посебни образовни потреби инклузирани во редовна настава работат образовни асистенти со соодветни квалификации и поминати стручни обуки
При крај сме и со опремување на специјализирани тоалети за лица со посебни потреби и пристапна рампа до нив, вели градончалникот Сашо Велковски, истакнувајќи дека ова е реализација на уште еден проект, кој ќе го олесни и унапреди животот и образованието на децата со попречености.