Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски се сретна со амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар. На средбата, на која присуствуваа и нивните соработници, градоначалникот Јаневски од негово лично име и од името на граѓаните на општина Струмица се заблагодари за реализацијата на проектот Пречистителна станица за отпадни води, потенцирајќи дека овој проект е од огромно значење не само за општина Струмица, туку и за регионот и изрази подготвеност за продолжување на соработката.

Амбасадорот Жбогар го потенцираше задоволството што токму во Струмица се одржа промоцијата на првиот од четирите вакви проекти во  Македонија, а преку кој граѓаните можат да видат како Европската Унија и помага на Република Македонија.

На средбата се разговараше за актуелните проблеми на Општината и можностите тие да се решат со финансиска поддршка од фондовите на ЕУ.