Градот Скопје Ве известува дека од вечер, 06.09.2021 година, од 22 часот, па се до 05 часот наутро,на 07.09.2021 година поради изведба на градежни работи на булеварот Крсте Мисирков, комплетно затворен за сообраќај ќе биде потегот од пешачкиот премин кај Судовите/Адвокатска улица до крстосницата со булеварот Гоце Делчев, односно коловозните ленти од страната на Судовите (источна страна).

Додека екипите ќе работат на терен сообраќајот ќе се пренасочува кон улицата Кеј 13 Ноември (кај МКЦ) и по сервисните улици кај Судовите.

Апелираме  сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат  својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.