Струмица ја доби првата Пречистителна станица по европски стандарди во Македонија. Стартот беше означен со заедничко притискање на копчето од премиерот Зоран Заев, амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуeл Жбогар, градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски и членот на Управниот одбор на ЕВН Груп, Франц Митермаер. Премиерот Заев во своето обраќање рече дека општина Струмица отсекогаш беше лидер во спроведувањето на модерни, нови технологии и решенија.
Инсталираните капацитети во Прочистителната станица која е сместена во селото Сачево, го опфаќаат градот Струмица со 53.419 жители и 12 населени места, со дневен капацитет на отпадни води од 9.458 метри кубни. Средствата во износ од 6,5 милиони евра се обезбедени од фондовите на Европската унија.