Во Скопје се отвори ново катче за спорт и рекреација, посебно за оние кои се зависници од адреналин. Новиот спортско-адреналински парк лоциран  е покрај кејот на Вардар во Карпош.

„Новиот адреналински дел, а особено спортско-качувачката карпа очекувам да биде атракција не само за скопјани, туку и содржински да ја збогати туристичката понуда на градот. Паркот изобилува со голем број содржини и игралишта за фудбал и одбојка на песок, детско игралиште, скејт парк, сквер, ново зеленило, а поставено е и ЛЕД осветлување“, рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кој истакна дека продолжува посветено да работи на унапредување на животната средина на  сограѓаните што ќе значи истовремено и повеќе зеленило и повеќе пропратни содржини за спорт и рекреација кои се неопходни предуслови за водењето на здрав живот во урбаните средини.