Заѕвонија училишните ѕвона во виничките училишта, а заѕвони и детскиот џагор во нив. Многу успех на првиот училиштен ден, на виничките ученици им посака градоначалникот Ивица Димитров.
Тој денес денес присуствуваше на прием на првачињата во ООУ „Никола Парапунов” – с. Драгобраште , ООУ „Кочо Рацин” – с. Блатец , ООУ ,,Славчо Стојменски” и ООУ ,,Гоце Делчев” во Виница.
Градоначалникот им посака среќен почеток и успех во учењето, а на родителите да бидат позитивен пример за нивните деца.
,,Ви посакувам среќен почеток и успешна учебна година и покрај сите предизвици што се пред нас во ова време. На учениците од второ до девето одделение им посакувам среќно тргнување во училиште и со леснотија да ги совладаат сите нови предизвици што ни носи новата учебна година. А на нашите најмали, мили првачиња им посакувам многу успеси во текот на нивното образование.” – изјави градоначалникот Димитров.