Гевгелија во има својот Холивуд, на крајот од градот, на висината од која се гледа целиот град. Не случајно е споредбата со славниот филмски град. Семејните куќи, што се градат во гевгелиската населба Караорман се вили со голема квадратура, убаво уредени, каде гевлеличани велат дека се лоцирани домовите на многу стоматолози кои работат со пацинети Грци, бизинсмени и политичари.

На урбанизацијата на оваа населба, Општината Гевгелија интензивно работи веќе две години. Ова е една од локациите според градоначалникот Сашо Поцков, каде се правеше комбинација меѓу донаторски општински средства за да се постават водводона и канализациона мрежа, а сега се асфалтираат и улиците.

Ланската година носевме водовод и канализација, а сега правиме патна инфраструктура. Исто така правиме инфраструктура на потегот „Касарна“ во делот на „Ракита“, тука има доста индустриски објекти. Лани со сопствени средства и со помош на Светска банка ја правевме улицата „Индустриска“,  тоа е јадрото каде гравитираат сите стари гевгелиски фирми и постојат долги години. Реконструирани се улиците во центарот на градот, што видливо го подобри ликот на Гевгелија, изјави градоначалникот Поцков.

Во време кога нашата екипа ја посети Гевгелија, и покрај тропските температури, се работеше на постасување на сообраќајната хоризонтална сиганализација со обележување на велосипедските патеки. Градот се подготвува за поголем прилив на гости и заживување на локалните економски развој со попуштањето на пандмијата. Гевгелија еден период беше силно под удар на корона вирусот, и според бројот на заболени, и според драстичното намалување на посетата на соседите од Грција, кои пред пандемијата, беа секојдневни гости. Состојбата полека се менува, а според градоначалникот Поцков, освен обезбедување на добри патишта и друга инфраструктура, потребни се и законски измени, преку кои централната власт би се откажала од поголем дел од данокот, кој би заминувал во општинските каси.

Работите на инфраструктирата во градот се одвиваше паралелно со инфраструктурата во 12-те населени места. Градоначалникот Поцков ја потенцира соработката со ЈП за државни патишта, со чија помош се работеше на неколку регионални патни правци.

-Направен е регионалниот пат Негорци – Гевгелија. Направен е алтернативниот пат на автопатот Е-75, Смоквица – Прдејци и регионалниот апт од населеното место Миравци  – Давидово. Сето тоа е во висина од околу 180 милиони денари, кои се пари на државата, но користат и гевгеличани, објасни градоначалникот Сашо Поцков.

Гевгелија, како погранично место, својот локален економски развој во значаен дел го базира и на приходите кои доаѓаат од соседите Грци, кои поради пандемијата, подолг период ги редуцираа своите посети на градот. Надежите се дека со отворањето на границата, ќе се раздвижи и економијата, која го диктира и инвестирањето од страна на општината. Сепак, и во услови на пандемија, кога дел од општинските средства беа пренасочени кон задоволување на основните здравствено – безбедносни потреби на граѓаните, Општината Гевгелија изнајде средства за инвестиции во инфраструктурата. На почетокот на јули беа потпишани договори за реализација на четири капитални проекти за подобрување на општинската патна инфраструктура. Општината соопшти дека се обезбедени околу 51 милион денари за продолжување на изградбата на западниот булевар, на сервисната улица до месноста Милци, на главната улица во селото Мрзенци и на улица во станбената населба „Мрзенски рид“. Со ова се овозможуваат услови за дислокација на товарниот сообраќај од градот. Градежни работи во првата фаза ќе бидат изведени и на сервисната улица во месноста Милци, во близина на ГП Богородица, на улицата во станбената населба „Мрзенски рид“, како и на главната улица во населеното место Мрзенци.