Општината Свети Николе преку Одборот за доделување на награди и признанија упати јавен повик за предлагање за доделување награди, плакети, признанија и благодарници, кои секоја година се доделуваат на празникот „Свети Николај“, патрон на градот. Повикот, кој е отворен до 14 декември, ќе ги цени пријавите за најдобра жена претприемач, најдобар просветен работник во општината и најдобри ученици во учебната 2019/20 година.

Ќе бидат доделени плакети,признанија,благодарници  и спомен плакета.

Можат да бидат пријавени граѓани, институции, компании, граѓански организации, спортски клубови и странски државјани.