На градскиот кеј во Куманово официјално беше отворена седмата „активна зона”, за промоција на активниот начин на живот и добробит на заедницата.
Зоната во Куманово е втора од вкупно пет кои годинава се донираат низ неколку градови во Македонија, а донирана е на барање на граѓаните на Куманово и е резултат на повеќемесечни подготовки.
Градоначалникот Зоран Дамјановски се заблагодари на компанијата и на ЈП „Чистота и зеленило” кои учествувале во средување на локацијата, а Сојузот на спортови во линковската врска помеѓу компанијата и локалната самоуправа.
„Во мое име и во име на граѓаните на Куманово голема благодарност до менаџерскиот тим на Кока-Кола за овој проект за изградба на рекреативни, забавни зони, тоа е еден полигон каде се наместени справи за фитнес рекреација за граѓаните, слободен простор за сите граѓани на Општина Куманово. Куманово продолжува во својата намера да гради спортски терени, спортски полигони за практикување на рекреативен, масовен и школски и спорт.
Порака до сите вас да го чувате и почитувате ова, затоа што имаме примери за поставување на комунална опрема каде несовесните граѓани уништуваат варварски, ве замолувам и апелира, имаме стражарска служба која ќе се грижи за овој дел од кејот, но апелирам до свеста за чување на оваа комунална опрема“, изјави Дамјановски.