Чествувањето на големиот православен празник Богојавление-Водици и годинава во Радовиш беше масовно, а започна со света литургија во двата храма – „Св. Пророк Илија“ и „Св. Троица“, од каде што, по литургијата, верниците во литија се упатија кон базенот.
Таму се изврши големиот водосвет, по што следуваше фрлањето на крстот. Стојанче Вучковски беше најсреќен меѓу големиот број пријавени кандидати. Тој од овогодишниот кум Ѓорѓи Ристов доби подарок, а од страна на градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов, ЛЦД-телевизор. Подароци му доделија и Православната црква во Радовиш, „Зегин“, рудникот „Бучим“…
Кумството од овогодишната манифестација му беше предадено на Горан Поцев, кој ќе биде кум за наредната година.