Иако проектот за изградба на регионална депонија интензивно ја вклучува Општината Свети Николе, јавноста воопшто не била информирана дека во околината на селото Мечкуевци ќе се носи смет од 18 општини. Затоа, вонредната седница на Советот на општината, свикана на иницијатива на градоначалникот Сашо Велковски била со цел граѓаните да слушнат директно од носителите на проектот што е тоа на што се работи, а и нив ги засега. Велковски рече дека и самиот тој, до влегување во кабинетот на градоначалникот не знаел до каде е целата постапка. Дури и кога стапил на функцијата, повторно немал целосен увид, бидејќи дел од документите, вклучувајќи го и договорот за локацијата на депонијата со Министерството за животна средина, во Општината ја нема.

-Врз основа на одлука на Советот во мај 2017 година е потпишан договор со ресорното министерство за спроведување на оваа активност и со Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад на Источно планскиот регион.Овој документ се’ уште го нема во архивата на Општина Свети Николе. Или го има некој тргнато – а тоа е веќе одговорност, тука се има потпишано бившиот градоначалник и бившиот идректот на јавното комунално претпријатие „Комуналец“, Александар Дачев. Нивни потписи стојат, авој документ го немаме никаде. Во архива го немаме, да знаете. На мое бараше го донесоа од Министерството за животна средина за да го покажам на јавноста, рече градоначалникот Велковски.

За тоа како ќе изгледа новата регионална депонија, во која ќе се носи смет од 18 општини, зборуваа претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, додека граѓаните прашуваа или го изнесуваа својот став. Речиси сите претставници на месните заедници од засегнатите села, беа против.

-Во име на сите граѓани на село Мустафино, овие активности да се прекинат, да не се изгради. Ќе стоиме зад тоа и ќе направиме се’ за да не се изгради. Нека се смени локацијата, нека се изгради на друго место, подалеку од земјоделските површини“.

-Патот да се реконструира во село Мечкуевски, кое е запистено село, со транспортот на жубрето, куќите ќе се распаднат. Тие се во фаза на распаѓање и уште толку ќе се распаднат. Не се соласуваме со изградбата на депонијата“, рекоа претставниците на месните заедници од селата Мустафино и Мечкуевци.

Од друга страна, на оваа идеја се противат земјоделците, од кои некои веќе имаат серитфикати за органско производство. Сузана Митева од невладината „Овчеполско еко производство“, рече дека има 5600 регистрирани производители и праша како ќе си ги задржат серитфикатите, а уште повеќе договорите со странство.

-Ние извесуваме органско призводство во Швајцарија. 17 анализи имаат направено на нашите производи и ни ги зедоа. Жива брука е да се дискутира за тоа губрето од 18 општини да се носи во Свети Николе. Ние треба да имаме проекти кои што ќе го промовират Свети Николе како општина, рече Митева.

На ова советниците од ВМРО ДПМНЕ предожија   заедно со претседателските избори, да се одржи референдум, на кој граѓаните на Општина Свети Николе ќе се изјаснат дали сакаат или не да се гради регионална депонија во нивната општина.

 

–Општината нема да има трошоци, бидејќи референдумот ќе биде заедно со претседателските избори во април. На следната седница на Советот на Општина Свети Николе ќе доставиме точка во која ќе има предлог за распишување на локален референдум, за да се слушне гласот на народот. Доколку граѓаните на Општина Свети Николе проценат дека нема потреба од депонија во Свети Николе, треба да се слушне нивниот глас, рече Бојан Митев, советник од ВМРО ДПМНЕ.

Ана Петровска, од  Министерството за животна средина рече дека не е дефинитивна одлуката за локацијата на депонијата, дека претстојат разговори со сите заинтересирани страни, особено со жителите на засегнатите села.

-Одлука се’ уште не е донесена. Разговараме, се менува перцепцијата, локално, меѓутоа, уште немаме одлука, се’ додека не ги расчистиме дилемите и не ја изградиме довербата со локалното население, кажа Петровска.

На крај, беше заклучено дека е потребна кампања пред граѓаните со повеќе информации за проектот. Ќе биде вклучена и Делегацијата на Европската унија, која го финансира овој проект со 35 милиони евра, проект  од значење за над 370.000 жители во Северисточниот и Источниот регион.