Цели седум дена траеше битката со пожарите во Делчевско. Беа потребни натчовечките напори за да се стават под контрола и да се изгаснат пожарите и да не се дозволи загрозување на човечки животи и имоти на граѓаните. Денеска, според инфомормациите од градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, сите пожари се изгаснати.
-Со координирана акција на терен на сите сили кои ги имавме на располагање, но и со помош од воздух од хеликоптери на нашата Армија, но и на соседни држави, уште во текот на вчерашниот ден се локализираа и се изгаснаа пожарите кои беснееја на две локации во Делчевско над Разловци и над Тработивиште. Дежурни екипи од Национални шуми и од ТППЕ Делчево сѐ уште го контролираат теренот, бидејќи сушата, високите температури и ветерот се причини кои можат да доведат до повторно распалување на огнените јазици, изјави Трајковски.
Градоначалникот посевно им се заблагодари на сите граѓани на Делчево, како и до специјалните единици на МВР, Тигри и ЕБР,кои, како што рече, ја покажале својата исклучителна храброст и спасиле да не изгорат уште илјадници хектари шумски фонд.
– Во гаснењето на пожарот активно беа вклучени и со сите расположиви ресурси, противпожарни единици од Македонска Каменица ,Кавадарци, Штип, но и од соседна Бугарија, Словенија и Австрија. Изразувам голема благодарност за нивната професионалност и бескомпромисно учество во борбата со огнената стихија. Големиот пожар кој пустошеше се пред себе уништи илјадници хектари шума само на територијата на Делчево, а овој пожар ја стави на тест и општествената одговорност и хуманоста на поединци, институции, фирми. Хуманоста и општествената одговорност се одлика на одговорни и големи луѓе кои знаат дека и со мал придонес може да направат големи промени, кажа градоначалникот Трајковски.
Големата битка е добиена, но градот и службите остануваа будно да ја следат состојбата на терен. Општина Делчево најавува дека со смирување на состојбата и во координација со, ќе се преземат сите мерки за нивно обештетување. На есен пак, најави голема акција за пошумување на изгорените површини.
Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски упати апел до Владата и Собранието да се измени законската регулатива и максимално да се зголеми казната за сите пиромани, но исто така целата изгорена маса единствено да се даде на располагање на Национални шуми, а никако на приватни корисници.