Прифатени се два проекти на Општина Свети Николе од Министерството за образование и наука. Со државни пари ќе се финасисра изработката на Основен проект за реконструкција кров и поставување на фасада на СОУ „Кочо Рацин“ – Гимназиска зграда и проект за реконструкција и адаптација на санитарните јазли во истото училиште во вкупна вредност од 8.570.000 денари.
Како и Основен проект за адаптација на училишна зграда во с.Горобинци при ООУ „Гоце Делчев“ за замена на водовод и канализација, ПП заштита , електрична инсталација и поставување на парно греење во училиштето во вкупна вредност од 3.640.000 денари.
-Наскоро очекуваме МОН да распише тендер за изведба на градежните работи по основ на одобрените проекти.Со реализацијата на овие проекти ги подобруваме условите за престој на учениците во училиштата според сите стандарди, вели градоначалникот Сашо Велковски.
Во тек се градежните работи во СОУ„Кочо Рацин“ и во ученичкиот дом при училиштето. Со финансиската подршка на МОН , во износ од 25 милиони денари, за прв пат во историјата на Свети Николе , по долги години се реализира значаен проект за обезбедување на услови за учење и за престој на учениците. Извршена е потполна реконструкција на покривот , а во тек се градежните зафати на водовод, канализација , тоалети, плафони, интернет , замена на прозори и врати , парно греење.Од општината сметаат дека со оваа инвестиција и подобрување на условите за престој, ќе можеме да привлечеме поголем број на ученици во училиштето и истото повторно да стане центар на образовниот процес во регионот.