Општина Лозово обезбеди средства со кои две улици, во две населени места ќе добијат асфалт. Деновиве беше потпишан договор со Бирото за регионален развој коешто ги обезбедува поголем дел од потребните средства за оваа инвестиција.
„Со директорот на Бирото за регионален развој потпишавме договор со кој општина Лозово обезбеди 4 500 000 денари, финансиски средства за изградба и реконструкција на улица 8 во село Милино со должина од 520 метри и улица 2 во село Каратманово со должина од 150 метри, информира градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски.
Општина Лозово во овие проекти учествува со финансиски средства од 1 500 000 денари, обезбедени од буџетот на општината.
„Во текот на наредните денови започнуваме со постапка за јавна набавка и со реализација на проектите,“ додава Велковски.