Започнува градежната сезона во Штип. Градоначалникот Николов најави санација на околу 20 улици, а општината има добиено и средства за изградба и реконструкција на улици, водоводни и канализациони мрежи.
Стартот на градежната сезона беше означен со асвалтирањето на улицата „Никоманска“.
-Овде имаме рехабилитација т.е гребење на стариот асвалт и поставување нов. Оваа инвестиција изнесува околу половина милион денари. Не застануваме овде, моментално се работи и на реконструкција на улицата Панче Караѓозов. Имаме работни активности во фаза на ЈП Исар. Се врши реконструкција дел по дел, најпрво канализационата мрежа а потоа ќе се асвалтира и ќе се реконструираат тротоарите, рече Николов.