Компаниите кои вршат градски превоз во следните три години ќе извршат реконтструкција на автобуските постојки во градот, ова го соопшти градоначалникот Зоран Дамјановски како реакција на прес конференцијата на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кои посочија дека иако ветени, постојките се уште не биле реновирани.

-Договорот е потпишан на 02.01.2017 година помеѓу давателите на услуга, превозници на линиски транспорт и Општина Куманово, каде во член 4 од договорт се задолжуваат превозниците да ги уредат, изградат или реконструираат јавните постојки за јавниот превоз во улиците: „11 Октоврми”, „Трета МУБ”, „Октомвриска Револуција”, „Никола Тесла”, „Долно Којнаре”, ул. „Гоце Делчев”, „Народна Револуција”, „Тоде Думба”, „Видое Смилевски Бато”, „11 Ноември”, „Индустриска”, „Тоде Мендол”, „Благој Илиев”, „Михајло Пупин”, „Ѓорче Петров”, каде имаме и проширување на еден дел, значи има една плејада на постојки, бројчано над триесетина.

Во членот 5 од самиот договор јасно се укажува дека во првата година, 2017та, ќе бидат реконструирани и доизградени 50% од постојките, во втората година 30% од постојките, а во третата година ќе биде завршен дадениот габарит на постојки во договор со превнозниците – вели Дамјановски.

Доколку превозниците не ги реконструираат постојките, општината ќе им ги одземе лиценците за вршење транспорт на патници.