Во земјава има вкупно 4.948 капацитети од кои 4.378 се угостителски објекти, а 570 се објекти за сместување гости, објави Државниот завод за статистика врз основа на спроведениот попис на капацитетите во угостителството од 1. до 12 ноември 2016 година.

Најголема концетранција на угостителски објекти има на територијата на скопскиот регион каде што се попишани 1.314 објекти или 26,2% од вкупно попишаните објекти на територијата на Република Македонија.

Општини со најголема концентракција на угостителски објекти се: Тетово со 10,2%, Куманово 5,2%, Гостивар 4,9%, Охрид 4,8%, Битола 4,2%, Струга 3,8%, Карпош 3,5%, Чаир 3,2% и Прилеп 2,9%, каде се лоцирани вкупно 50,5% од вкупниот број на угостителски капацитети во државата.