Неделава започнаа градежните работи за санација и реконструкција на ,,Саат кулата”,конзервација на ,,Турската бања” и пристапни патеки до истите.
„Со прекугранична соработка со општина Невестино од Р.Бугарија имавме аплицирано и добивме проект за реконструкција на Турската бања ,Саат кулата, пристапни патеки како и партерно и холтикултурно уредување околу нив. Активностите започнаа и се надеваме дека сите овие активности ќе бидат реализирани до почетокот на туристичката сезона идната година,“ смета Ангов.