Општина Карбинци на Форумска сесија одлучуваше за користење на средствата од Светска Банка во износ од 669.921 евра, наменети за реконструкција на локални патишта.
Учесниците едногласно донесоа одлука овие средства да бидат искористени за улици. Како што информираше градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев направена е и приоритетна листа, така што средствата ќе се користат почнувајки од првиот приоритет понатаму се до моментот на искористување на средствата.
1.Реконструкција на локалниот пат с.Таринци – с. Долни Балван со велосипедско – пешачка патека;
2.Реконструкција на улица во с.Долни Балван во должина од 1 км;
3.Реконструкција на улица влез во с.Таринци (влезот, од мостот на регионалниот пат);
4.Реконструкција на улици во с. Карбинци во должина од 0,63 км;
5.Реконструкција на улици во с. Крупиште во должина од 1 км;
6.Реконструкција на улици во с. Карбинци во должина од 0,92 км;
7.Реконструкција на улици во с.Таринци во должина од 1 км;
8.Реконструкција на улици во с.Таринци во должина од 2,3 км.