Изминатата недела започнаа градежните работи на поставување на атмосферска канализација во населба Бел Камен од улица 9-ти Мај до коритото на Кнежевска река.
-Со ова решаваме уште еден проблем на жителите од овој дел на Свети Николе, каде и при најмали врнежи од дожд имаме излевање и поплавување на дворовите и куќите, вели градоначалникот Сашо Велковски.
Изведувач на работите е фирмата “Изгрев инжинеринг” од Велес, а финансиските средства се обезбедени од буџетот на општина Свети Николе.
Во тек се работите на поставување на канализација во Свети Николе на потегот Рудина.
Целиот овој потег во должина од 1350 метри е финансиран од Европската банка за развој , како и останатите проекти за канализација на Кнежевски пат, улица Васка Циклева и атмосферската канализација на улица Кумановска.
Со ова, општината решава деценски горчлив проблем на жителите од овој дел на Свети Николе.
Уште еден капитален проект започнува со реализација. Изминатата недела градоначалникот Велковски одржа работна средба со претставници на фирмата што треба да ги реализира активностите за изградба на нова противпожарна станица во Свети Николе.
Изградба на станицата ќе биде по сите меѓународни стандарди , а проектот финансиски е покриен преку програмата на EUCOM Humanitarian Assistance Program и агенцијата Naval Facilities Engineering Command од САД.
Со ова, наскоро Свети Николе ќе добие современ противпожарен дом.