Со цел да се овозможи формирање на нов простор и плажи на езерото деновиве во општина Дојран се спроведуваат активности на расчистување на крајбрежјето.
Се вадат бекатон плочки од патеката во должина од 600 метри , која не се користи веќе подолго време.
Од општината велат дека со расчистувањето на крајбрежјето се отвараат нови плажи, се чисти езерото по природен пат. Новите плажи ќе бидат и инфраструктурно опремени.