Општина Штип започна со осветлување на еден од влезовите во градот, односно влезот од Радовиш и Струмица кон Штип, кај Ново Село.
Се работи за значајна инвестиција која ќе биде од корист на жителите на Ново Село и ќе го потврдува епитетот на Штип – центар на источниот регион.
Ќе бидат поставени 22 столбови од 9 метри висина со лед светилки, во должина од над 600 метри, односно од мостот кај Ново Село, до училиштето „Искра“.
„Ова е значајна инвестиција за граѓаните затоа што Штип како центар на истокот треба да го покаже тоа и на дело. Се работи за инвестиција од над 1,7 милиони денари со вклучено ДДВ која ќе го подобри влезот на градот,“ изјави градоначалникот Бочварски.
Дополнително ваква инвестиција е направена и на влезот во градот од Скопје и од Велес, односно кај Кампус 4.