Во овие сложени времиња на на борба со коронавирусот, повеќе општествено одговорни компании донираа за установи и за штипјани кои имаат потреба од таква помош. Донации за граѓаните до Општинскиот штаб за заштита и спасување деновиве доставија компаниите „Кит-Го“ и ЕТЦ „Елкос“. Пакетите со прехранбени производи и со средства за дезинфекција ќе им бидат доставени на граѓани што имаат потреба и на повеќе од 300 социјално загрозени семејства.
„Благодарам за покажаната општествена одговорност и хуманост на компаниите во пресрет на Велигденските празници. Апелирам и до секоја друга фирма која смета дека треба да помогне во овој период да покаже општествена одговорност и хуманост, затоа што овие донации се повеќе од потребни во вакви кризни моменти“, рече градоначалникот Благој Бочварски како командант на Општинскиот штаб за заштита и спасување.