По обвинувања од страна на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ дека член на извршнито одбор на СДСМ се обидел да изнесе поголема сума на пари на македонско-српската граница, свој одговор даде и првиот човек на градот, Зоран Дамјановски кој вели дека ова се очајни обиди на партијата која не може да се помири со поразот од изборите одржани на 11 декември.
„Во изминатиот период постојано се вршеше притисок преку локалната самоуправа за некои видеозаписи на директор кој беа објавени на неговата социјална мрежа, за објективноста вистинитоска на тие снимки и постирање на социјалните мрежи ќе си дадат одговор референтните институции, се вршеше притисок со индивидуалните случувања на претседателот на партијата Мартин Костовски во однос на вербални конфликти со протестантите на улица, се вршеше притисок на пратеникот Максим Димитриевски, тоа се индивидуални ставови, денеска кулминација и притисок врз локалната самоуправа во однос на случка која на нас не ни е уште позната бидејќи нема никакви званични информации од министерството, ниту царинските служби за царинскиот прекршок на Виктор Петрушевски“ рече Дамјановски.