Со одлука на Владата, деновиве салата СРЦ “25 Мај” е вратена во владение на Општина Радовиш.
Со тоа, како што исткнуваат од локалната самоуправа, по долги години се отвора можноста за подобро искористување на потенцијалите на радовишкиот спортски центар.
Спортската сала „25 Мај“ е еден од најубавите и најголеми такви спортски објекти во цела источна Македонија и е место каде што ги играат натпреварите повеќе радовишки екипи и се одржуваат други спортски, како и културно-забавни манифестации.