Општина Свети Николе со сопствени средства започна реализацијата на проектот за зголемување на енергетската ефикасност во ООУ „Даме Груев“ во Ерџелија, со поставување на надворешна фасада на училиштето.
Вредноста на проектот е над 900.000 денари , кои се обезбедени од општинскиот буџет, а изведувач на работите е Ефтимов ДООЕЛ од Радовиш.
Со оваа активност, се очекува наскоро учениците да добијат подобри услови за престој во училиштето.